potpisuvanje-dogovor-pixabay

Фото: Pixabay

Банкарска гаранција претставува инструмент за обезбедување на плаќањата и често пати се користи во должничко – доверителските односи. Банката во улога на гарант, на барање на нејзин клиент како налогодавач, ја издава гаранцијата на трето лице коешто е нејзин корисник. На овој начин, банката гарантира дека на корисникот ќе му исплати одреден паричен износ во случај на неизвршување или несоодветно извршување на договорените обврски од страна на налогодавачот.

Теоретски, но и во пракса постојат ностро (гаранции што банката ги издава по налог на својот клиент) и лого гаранција (банката ја прима од некоја друга банка во корист на својот клиент).

Кај таканаречените ностро гаранции има:

  • Платежна гаранција (гаранција за обезбедување на плаќање, за враќање на долг, царинска гаранција и слично)
  • Чинидбени гаранции (гаранции за добро извршена работа, за аванс, за учество на тендер и слично)

Разликата меѓу акредитивот и гаранцијата е во моментот на исполнување на обврската за активирање на некој од овие два инструменти. Акредитивот е инструмент за плаќање, така што банката го извршува плаќањето доколку има увид во уредна документација по акредитивот, додека кај гаранцијата плаќањето се врши во случај на неисполнување на обврските за плаќање или други договорни обврски од страна на налогодавачот. Користењето на акредитивот и гаранцијата претставува важна заштита за компаниите со оглед на тоа што како гарант фигурира банка.

email