weigh-2856321_960_720

Фото: Pixabay

Биланс на состојба е извештај за финансиската состојба на деловниот субјект кој во одреден временски момент ги наведува средствата, обврските и сопственичкиот капитал. Со други зборови, билансот на состојба ја илустрира нето вредноста на бизнисот.

Билансот на состојба на една компанија има три дела: актива, пасива и сопственички капитал. Вообичаено, прво се наведени главните категории на активата, а по нив следи пасивата. Разликата меѓу активата и пасивата е позната како капитал, нето капитал или нето вредност на компанијата чијашто вредноста мора да биде еднаква на актива минус пасива.

Бизнисите се обврзани да ги вклучат билансите на состојба, извештаите за приходите и извештаите за паричните текови во финансиските извештаи за акционерите и даночните и регулаторните органи. Изготвувањето на билансот на состојба не е задолжително за трговци поединци и партнерства, но е корисно за следење на бизнисот.

Прецизен  биланс на состојба е од суштинско значење за сопственикот на компанијата кој бара дополнително финансирање на долг или капитал или сака да го продаде бизнисот и треба да утврди колку е вреден. Сите сметки во главната книга се категоризирани како средства, обврска или капитал. Односот меѓу нив е изразен во оваа равенка:

Средства = Обврски + Акционерски капитал

Ставките наведени на билансите на состојба варираат од бизнис до бизнис, во зависност од индустријата, но генерално билансот на состојба е поделен на следните три дела:

Средства

Средствата обично се поделени на ликвидни средства – оние што се парични или можат лесно да се конвертираат во пари и неликвидни средства коишто не можат брзо да се конвертираат во пари, како што се земјиште, згради и опрема. Листата на средства може да вклучува и нематеријални средства, што се многу потешки за вреднување.

Обврски

Обврските се долгови што мораат да бидат подмирени и се расчленети во тековни и долгорочни категории. Тековните обврски се оние што треба да се подмират во рок од една година и вклучуваат предмети како што се: Сметки што треба да се платат (фактури за добавувачи), плати, оданочување на данок, придонеси за пензиско, придонеси за здравствено осигурување, комунални услуги, привремени кредити, авансни плаќања за стоки и сл.

Акционерски капитал/заработка

Акционерски капитал е оној што останува по одземање на обврските од средствата. Задржаната добивка е заработка којашто ја задржува корпорацијата. Задржаната добивка се користи за да се исплати долгот или за реинвестирање во бизнисот за да се искористат можностите за раст. Додека бизнисот е во фаза на раст, задржаната добивка обично се користи за финансирање на експанзија, наместо да се исплаќа како дивиденда за акционерите.