malini-i-borovinki-pixabay

Фото: Pixabay

Цена претставува паричен израз на вредност на одреден производ или услуга на пазарот. Преку цената, компанијата остварува приходи, го мери својот удел на пазарот и ја одредува стапката на профитабилност.

Колкава ќе биде реализацијата на производи или услуги на една компанија, ќе зависи од цената по којашто ги нуди на пазарот. Доколку има одредени промени во цената, тоа ќе се рефлектира на висината на приходите, можноста за покривање на трошоците и на крајниот финансиски резултат на компанијата.

Што ја детерминира висината на цената?

Постојат повеќе фактори што влијаат на цената на одреден производ или услуга. Ниту една компанија кога го одредува нивото на цени, не треба да се ограничува, туку да направи анализа на сите интерни и екстерни фактори. Меѓу нив најважни се: висината на трошоците, пазарот, цените на конкуренцијата, понудата и побарувачката, законска регулатива…

Како се формира цената?

Формирањето на цената на производот или услугата го детерминира успехот на компанијата на долг рок. Од таа причина, неопходно е да се утврди стратегија со чија помош компанијата ќе избере соодветна методологија за пресметка на цените. Еден од најчесто користените методи за формирање на цените кај компаниите е методот трошоци плус. Суштината е во тоа да се земат предвид сите трошоците што ги има компанијата, цената има задача да ја покрие нивната вредност, а остатокот да добие третман на добивка. Исто така, се користи и поеластичен метод за формирање на цените, преку додавање профитна маржа на направените трошоци.

email