stranski valuti

Депресијацијата претставува намалување на куповната моќ на парите на домашниот пазар во однос на странски валути што се користат како референтни, додека апресијацијата го претставува зголемувањето на вредноста на валутата на една земја.

immobiliendarlehen zinsen

Депресијацијата ја намалува куповната моќ на парите во таа земја, односно го зголемува курсот на странските валути. Со овој феномен се соочуваат земјите кои имаат флуктуирачки девизен курс и најчесто се користи за неофицијално зголемување на девизниот курс како резултат на движењата на понудата и побарувачката. Практично, доколку се случи одредена валута да депресира во однос на друга, во тој случај ќе биде потребен поголем износ од домашната валута за да се купи одреден износ од друга странска валута. Во услови на депресијација, домашната валута станува поконкурентна на странскиот пазар бидејќи домашните производи се поевтини на тамошните пазари. Оваа економска појава го поттикнува извозот од Македонија.

european-coins-and-money

Апресијацијата, пак, претставува зголемување на вредноста на валутата на една земја. Причина за ова е зголемувањето на куповната моќ на парите на домашниот пазар, поради намалување на цените на стоките и услугите. Во овој случај зборуваме за преценување на вредноста на домашната валута во однос на странската, што значи и поскапи домашни производи на странските пазари и намалена конкурентност. Од таа причина, извозот ќе почне да се намалува.

email