lupa

Фото: Pixabay

Due diligence претставува внимателно, систематизирано и детално истражување и анализа на податоци за одредено претпријатие, што е кандидат за спојување или преземање.

Терминот Due diligence во англискиот јазик претставува секаков вид на длабинска анализа во којашто се собирање на објективни и доверливи информации пред да се донесе некоја важна одлука. Due diligence подразбира проценка на договорот меѓу двете страни од комерцијален, финансиски и правен аспект.

Овој вид на анализа се прави со цел да се избегнат некои сериозни негативни последици, што би следеле по преземање на одреден чекор или донесување одлука. На тој начин се избегнуваат можни неизвесни сценарија и предупредува на евентуални спорови во текот на процесот на продажба.

Експертите коишто спроведуваат Due diligence водат сметка за сите важни сметководствени документи што треба да дадат слика за промените во фирмата, ги анализираат склучените договори со цел да се утврди нивното влијание врз имотот, финансиите и приходите на компанијата што се презема, одредуваат важни економски параметри, прават проценка на вредноста на компанијата…

Спроведувањето на овој вид на длабинска анализа е подеднакво важно и за купувачот и за продавачот на фирмата. Продавачот, преку Due diligence, добива можност добро да се запознае со состојбата во којашто се наоѓа фирмата и да спречи евентуални несакани сценарија. На купувачот му помага да направи проценка на состојбата и вредноста на неговата компанија. На основа на тие проценки се носи и одлуката за купувањето.

email