Tax

Двојното оданочување се случува кога на ист предмет повеќе пати се плаќа данок, а може да биде правно или економско. Двојното оданочување е правно, доколку иста личност е два пати оданочена за ист доход во најмалку две земји (или два ентитети на иста сојузна држава). Економското двојно оданочување настанува кога компанијата треба да плати данок на добивката, а и неговите акционери дополнително треба да платат данок на дивидендата исплатена од оданочената добивка.

Ризици од двојно оданочување можат да настанат во неколку случаи: при дневни миграции (доколку живеете во една земја, а работите во друга), доколку даночниот обврзник е испратен на кратка работа во странство, доколку живее и бара работа во странство или доколку корисникот е пензиониран во една, а прима пензија во друга земја. Во овие случаи најчесто важат даночните правила на земјата во која корисникот престојува, но можеби ќе мора да се плати и во друга земја.

o-TAXES-facebook

Меѓународното двојно оданочување може да се избегне или да се ублажи со еднострани мерки или билатерални договори. Со овие договори, правото на оданочување на одреден доход вообичаено се остварува само во една земја (во онаа во којашто се создава доходот или во онаа каде што примателот на доход е резидент).

Со цел да се избегнат ефектите од двојно оданочување, Македонија е потписник на меѓународни договори со повеќе земји.

img-article-paying-taxes-for-part-time-caregivers

email