zabrana-pixabay

Фото: Pixabay

Ембарго претставува трговско ограничување, односно воспоставување трговска квота со којашто целосно или делумно се забранува размена на одредени производи со некоја земја.

Ваква постапка би можела да покрене една или група држави кон друга или повеќе други држави. Поставување на ембарго понекогаш, освен економски, има и политички мотиви што се дел од надворешната политика што ја води државата.

Една земја може да воведе увозно ембарго на одреден производ или група производи со цел да се воспостави рамнотежа во билансот на плаќање со странство и заштита на домашното производство.

Од друга страна, извозно ембарго може да се донесе кога одредена држава не сака да дозволи нејзини производи да се најдат на пазар на друга држава. Овој вид на ембарго се користи само во исклучителни ситуации, бидејќи почесто се користат извозни дозволи или контингенти како мерки за ограничување на меѓународна трговска размена.

Куба е една од земјите коишто се соочиле со ембарго и тоа од САД за оружје и потрошувачки добра. Северна Кореја е под ембарго од Обединетите нации, САД и ЕУ за увоз на луксузни добра и оружје. Грузија добила ембарго од Русија во 2006 година за увоз на земјоделски производи, вино, минерална вода…

email