fiskalna-pixabay

Фото: Pixabay

Фискалната политика претставува употреба на државните приходи и расходи за дејствување врз вкупната економска активност.

Доколку економијата се наоѓа во фаза на експанзија (пораст на општото ниво на цените, а со тоа и до пораст на номиналните доходи на учесниците во економскиот живот) потребно е да се забави таа економска активност и да се спречи зголемување на инфлацијата. Во тој случај, државата ќе вид рестриктивна монетарна политика преку некоја од овие три можности:

  • Намалување на државната потрошувачка (намалување на јавни набавки)
  • Зголемување на даноците
  • Комбинирање на првата и втората опција.

Доколку се земе предвид било која од овие мерки, тоа ќе води кон намалување на агрегатната побарувачка, намалување на општото ниво на цени и забавување на економската активност.

Ако економијата се најде во обратна ситуација, односно во фаза на рецесија, ќе се имплементира експанзивна монетарна политика:

  • Зголемување на државната потрошувачка (зголемување на јавни набавки)
  • Намалување на даноците
  • Комбинирање на двете мерки.

Во теоријата постои и дискрециона фискална политика, што претставува право на државата да предлага и применува промени во даночните стапки и во програмите на јавната потрошувачка во зависност од фазата на економски циклус. Но, современите фискални системи во себе содржат и таканаречени автоматски стабилизатори што сами се активираат без да се чека државата да донесе одлука.