kompjuter-pixabay

Фото: Pixabay

Терминот форфетинг потекнува од францускиот поим forfeit, што значи некој да се откаже од некое право или да предаде нешто. Преку форфетингот, извозникот ги предава своите побарувања на форфетинг компанијата, намалени за одреден процент, а за замена во готово ја прима идната наплата од купувачот на кого му биле продадени производите.

Овој вид на услуги може да ги понудат деловните банки, коишто во процесот на форфетинг ја имаат улогата на форфетер. Форфетерот од моментот на откуп на побарувањето од извозникот станува нов доверител кон купувачот и го презема ризикот од евентуални проблеми во наплата на побарувањата.

Една од главните придобивки од форфетингот за извозникот е тоа што своето побарување го наплатува денес, а истото доспева после извесен период. На тој начин ја зголемува ликвидноста и ги зголемува капацитетите на компанијата за проширување на нејзините активности.

Форфетинг финансирањето, за разлика од факторингот, се јавува кај поголеми трговски зделки. Вообичаено се применува кај извозни работи, при извоз на опрема, изведба на инвестициони работи во странство, што не значи дека не може да се применува и во земјата.

email