industriska

Фото: Pixabay

Шпионажата како поим означува разузнавачка дејност којашто се состои од откривање или соопштување собрани податоци или факти на друго лице коишто претставуваат тајна. Индустриската шпионажа претставува користење на разузнавачките служби во интерес на одредена компанија. Во тој процес се користат сите достапни легални и нелегални методи за собирање на информации.

Индустриската шпионажа претставува склоп на добро планирани и стручно изведени активности со цел собирање на доверливи економски информации, коишто се од корист за деловните активности на одредена компанија или заштита на економските интереси на државата.

Овој вид на шпионажа претставува нелегално собирање на податоци и информации, коишто конкурентските фирми ги чуваат во тајност. За таа цел најчесто се вработуваат блиски луѓе во конкурентските компании, се ангажираат специјализирани агенции и слично.

Во пракса, најчесто како деловна тајна се среќаваат оригинални производни процеси, нова технологија, состојки на специфични производи, деловни договори со клиенти и нивната содржина, know how, состав и квалитет на менаџментот. Вработените во секоја компанија се должни да ги чуваат деловните тајни додека се вработени во таа фирма, но и по престанокот на работниот однос. Деловната тајна може да се открие само пред овластени лица и надлежни органи.

email