inflacija i deflacija

Инфлацијата претставува прекумерно зголемување на паричната маса во оптек, што доведува до намалување на вредноста на парите. Инфлацијата ја претставува неурамнотеженоста на стоковно – паричните односи предизвикана од зголемената парична маса во оптек и масата на одобрени кредити во споредба со големината на расположливиот трговски фонд изразен преку вкупните цени.

Од друга страна, дефлацијата претставува сосема спротивна појава од инфлацијата. Таа ја изразува нерамнотежата меѓу количината на пари во оптек и вкупната понуда на стоки и услуги по одредени цени. Со намалување на паричната маса во оптек се намалува и побарувачката, со што се зајакнува вредноста на парите. Намалувањето на побарувачката доведува до намалување и на понудата, бидејќи доколку се намали побарувачката и деловните субјекти ја намалуваат својата понуда.

inflacija ili deflacijaИнфлацијата ја намалува вредноста на парите и предизвикува општ пораст на цените. Во секоја пазарна економија, цени на одредени производи и услуги растат, а на други се намалуваат. Инфлацијата се појавува кога ќе дојде до општо зголемување на цените, а не на зголемување само на одреден производ или група производи. При мерење на инфлацијата во предвид се земаат сите стоки и услуги што ги користи едно просечно семејство, а во кое се вклучени секојдневни добра (храна, пијалоци, дневни весници и горива), трајни добра (како што се на пример облека, компјутери, апарати за домаќинство и слично) и услугите (како што се на пример фризерски услуги, осигурување, наем на станбениот простор).

Теоријата, но и праксата, препознава неколку основни видови на инфлација и тоа умерена инфлација, што подразбира мал пораст на цените и едноцифрена на годишно ниво. Галопирачката и хиперинфлацијата претставуваат екстремни појави и надминуваат две или три цифри.

infl defl

Дефлацијата, од своја страна, предизвикува намалување на работни места поради намаленото производство, по што се забележува пад на животниот стандард кај населението, со што дополнително ја намалува нивната куповна моќ.

Голем број економисти сметаат дека умереното ниво на инфлација може да се анализира како моторна сила што ја придвижува економијата. Мерките, пак, со кои се одржува стабилно нивото на цените може да предизвика и контра ефект, односно дефлација. Оваа појава може да биде исклучително деструктивна и да предизвика рецесија на економијата.