dogovor-rakuvanje-pixabay

Фото: Pixabay

Кауција како термин во економска смисла означува давање гаранција при извршување на одредена обврска.

Има земји во коишто кауцијата се поистоветува со банкарска гаранција, при што банката дава гаранција на трето лице дека нејзиниот клиент ќе ја изврши договорената обврска. Од друга страна, кауцијата може да значи и гаранција што трето лице ѝ го дава на банката при доделување на банкарски заем од клиент на банката.

Но, најчесто поимот кауција се појавува кога должникот на доверителот му дава одреден износ на финансиски средства или хартии од вредност како гаранција дека ќе ја изврши претходно договорената обврска. Тој износ на пари му се враќа на должникот во моментот кога ќе ја изврши обврската, но ако не ја реализира во тој случај доверителот го задржува износот даден како кауција.

На тој начин, кауцијата се јавува како своевидно средство за осигурување на извршувањето на договорените обврски.

email