proizveduva-staklo-pixabay

Фото: Pixabay

Know – how претставува концепт што ги опфаќа сите технички информации што се неопходни за индустриско производство на одреден производ или постапка, односно знаење за тоа како се произведува некој производ или посебна постапка.

Како концепт, за прв пат, се појавува во 19-от век во индустриската пракса во САД и Велика Британија.

Бидејќи се темели на искуство, know – how е она што производителот не може да го знае само од испитување на одреден производ или само на основна на познавање на одредена постапка или техника на производство. Know – how е имот на една компанија што има вредност и може да биде продадена и пренесена на друго лице.

Во поширока смисла, know – how не се ограничува само на подрачјето на техничкиот дел, туку го опфаќа целокупното знаење и искуство што е потребно за непречена работа, а може да се однесува и на организација на компанијата, сметководство, информатички систем, продажба и слично.

Овој систем на различни знаења и искуства во одредена индустриска дејност, може да се подели на два дела комерцијален и технички. Комерцијален know – how ги опфаќа знаењата и методите на работа, што подразбираат организирање продажба, пласман, вршење на услуги и слично. Од друга страна, технички know – how ги опфаќа методите на производство, постапки што претставуваат деловна тајна, а може да се однесуваат на рецептура за производство на одреден производи, стратешки планови, специфични производни процеси и слично.

Во случај на франшиза, давателот на истата го пренесува know – how на оној што ја прима франшизата.

email