kontent marketing

Контент маркетингот или маркетинг на содржина претставува техника на создавање и дистрибуција на содржина чија примарна цел е да остави впечаток, да формира релевантна вредност и на тој начин производот или услугата да допре до потрошувачите.

Овој маркетинг претставува своевидна уметност на комуницирање со клиентите и воспоставување долгорочен однос на доверба. Наместо да се преплавуваат потрошувачите со агресивни реклами, преку контент маркетингот им се нудат информации што им се важни на купувачите, кои откако ќе ја добијат целосната слика ја наградуваат лојалноста со избор на тој производ или услуга.

content-marketing

Основни карактеристики на маркетингот на содржина се: детално познавање на целната група на потрошувачи и прецизно стигнување до нив; интегрирана стратегија на комуницирање којашто не е фокусирана на продажба, туку на комуникација со потрошувачите; креирање на квалитетна содржина што може да биде употребувана повеќе пати; континуирана дистрибуција на содржината без временско ограничување на кампањите; активирање на потрошувачите во посакуван момент и можност за прецизно мерење на резултатите.

Потрошувачите денес поседуваат моќни “оружја против рекламирање“, како што се дигитални платформи за гледање само на преферираните делови од телевизиската програма, што е избегнување на здодевните телевизиски реклами, како и софтвер што спречува појавување на банери и други интернет реклами на сајтовите. Од друга страна, многу почесто се појавуваат таканаречените “лични екрани“ во секој дом, бидејќи сите членови од семејството имаат свој компјутер, таблет или мобилен телефон.

content_marketing1

Она што е главна карактеристика на овој вид на маркетинг е неговата ненаметливост, туку на суптилен начин да комуницира со потрошувачите, да ги информира и едуцира за да го доближи производот или услугата што ја нуди.

Еден од начините на кои може да се спроведе контент маркетингот е преку блогови. Се смета дека текст што го пишува влијателен блогер е многу помоќен за разлика од обичен ПР текст. Социјалните медиуми претставуваат флексибилна и соодветна алатка за доближување до широк аудиториум, но не се користат да ги убедуваат потрошувачите, туку да изградат канал на комуникација со нив. Исто така, одделот за маркетинг на компаниите може да искористи и други канали преку кои ќе ги информира своите потенцијални клиенти, како што е дневен билтен (newsletter), инфографика, електронски брошури…

website-content-marketing-e1443548864640

Некои “маркетари“ не се согласуваат со фактот дека контент маркетингот е одлика на модерното време. Тие сметаат дека овој вид на маркетинг постоел од секогаш, само што немал толку извикано име. “Доколку традиционалниот маркетинг е добро испечен леб, маркетинг на содржина е путерот што помага парчето леб да биде повкусно“, сметаат маркетинг експерти.

Сумирано, маркетингот на содржина собира податоци за потенцијалните купувачи; ја зголемува видливоста и препознатливоста на брендот, гради кредибилитет и создава конзисентна база на купувачи.

email