euro-76015_960_720Корупција претставува злоупотреба на службената положба за остварување незаконска приватна корист, односно добивка. Формите на корупција се разликуваат, а вклучуваат: поткупување, изнуда, протекции, непотизам, покровителство, мито и проневера на пари.

Зборот “корумпиран“ потекннува од латинскиот збор “corruptus“.

Корупцијата неизбежно води кон намалена бизнис клима и голем ризик за опстојувањето на една фирма или организација. Казните за виновните за корупција вклучуваат парични казни, затвор и оштетена репутација. Корумпирано однесување може да има негативни долготрајни ефекти за една организација или фирма.

Кога корупцијата се случува во рамките на една организација или фирма, обично е проследена со непријатна медиумска покриеност. Често се бара сеопфатна кампања за односи со јавноста за да се ограничи репутациската штета и да се врати довербата.

Корупцијата е еден од најлошите непријатели на бизнисот. Резултира со долгорочни последици, вклучувајќи целосно затворање на компанијата. Корупцијата во бизнисот вклучува проневера на средства, поткуп, злоупотреба на функцијата од страна на службениците на компанијата и нечесност во финансиските прашања. Без оглед на нејзината големина, корупцијата може да му наштети на имиџот на бизнисот и да ја загрози неговата профитабилност.

Корупцијата може да доведе до губење на клиенти кои губат верба во организацијата и претпочитаат ривалски производи, што доведува до загуби. Освен тоа, таквата ситуација може да ја натера компанијата да ги зголеми своите цени со цел да ги надомести изгубените ресурси. Конкурентните фирми пак често ја  користат оваа можност да ја надминат погодената фирма, што доведува до значителен пад на уделот на пазарот за погодената организација.

Корупцијата, внатрешна или надворешна, може да ги обесхрабри потенцијалните иноватори и претприемачи да инвестираат во деловни можности поради страв од неуспех. Бидејќи клиентите и општата јавност добиваат негативна слика за компанијата, тие ја губат довербата во компанијата и нејзините производи.

Корупцијата може да биде поделена по дејности и да биде: политичка, полициска, правна, корупција во образовниот систем, во религијата итн. Исто така, има повеќе скалила на корупцијата, според нејзиниот обем. Таа може да биде од помал размер, од поголем и системска.

Иако корупцијата се смета за незаконска, постои концепт за легална корупција, којшто го развиле Даниел Кауфман и Педро Висенте. Тоа се процеси што се корумпирани, но се заштитени со законска рамка.