odobren-kredit-pixabay

Фото: Pixabay

Кредитот претставува износ на финансиски средства што банката ги отстапува на користење на својот клиент на одредено време под точно утврдени услови со наплата на одреден надоместок во форма на камата, како цена за користење на овие средства.

Тоа е дефиниција за тоа што се подразбира под овој поим, а во пракса се покажува дека кредитот претставува финансиски инструмент без којшто не би можеле да функционираат многу семејства или компании.

Една од основните поделби на кредитите, е на краткорочни и долгорочни. Главната разлика меѓу овие два кредити е рочноста (на колкав период банката ги отстапува финансиските средства на клиентите) и намената на кредитот.

Краткорочниот кредит банките вообичаено го одобруваат на временски период до една година и најчесто служи за финансирање на тековни средства или тековни потреби во процесот на работа на компанијата. Најчесто, краткорочните кредити се користат за одржување на тековната ликвидност и кај семејствата и кај бизнисите.

Доколку една компанија има потреба од финансиски средства за сервисирање на краткорочната ликвидност, може да побара краткорочен кредит од банката со што навреме ќе ги сервиси своите долгови. За овој вид на кредити важи и поедноставна постапка при одобрување, особено доколку клиентот бара кредит во банката каде што веќе има своја сметка. Бидејќи е на краток временски период, банката може да ги прилагоди условите според барањата на клиентот.

Од друга страна, доколку компанијата размислува за модернизирање на производството, купување земјиште или опрема…, а нема доволно сопствени средства, во тој случај може да смета на подигнување долгорочен кредит. За разлика од краткорочните, долгорочните кредити имаат рок на достасување од пет години па нагоре. Штом рокот на доставување на овој кредит е подолг, банката пресметува и поголем ризик. Поради тоа има потреба и од соодветно обезбедување во форма на хипотека, жиранти, меница и слично. За овој вид на кредит е неопходна пообемна процедура поткрепена со документација што ќе треба да ја потврди подготвеноста на компанијата навреме да ги подмирува обврските.

email