evra-lupa-digitron-pixabay

Фото: Pixabay

Libor и Euribor претставуваат каматни стапки коишто деловните банки ширум Европа меѓусебно си позајмуваат пари (во евра или во друга валута). Тие претставуваат референтна каматна стапка, односно каматна стапка којашто банките ја користат за формирање на каматните стапки на кредитите што им ги одобруваат на клиентите.

Libor

Libor е кратенка од лондонска меѓубанкарска стапка (London interbank offered rate) по којашто банките  во Лондон се подготвени да си позајмат пари. Официјалните стапки на Libor се објавуваат секој работен ден околу 11:30 часот. Libor се пресметува во пет основни валути: американски долари, британска фунта, евро, јапонски јен и швајцарски франци.

Оваа референтна камата ја пресметува и објавува Thomson Reuters во име на британската асоцијација на банкари. Секој ден на отворање на пазарот, 18 банки даваат проценки за нивото на каматата. Од нив, четирите највисоки и најниски проценки се отфрлаат и се пресметува просекот.

Euribor

Euribor е кратенка од европска меѓубанкарска стапка (Euro interbank offered rate). Таа се базира на просечните каматни стапки преку коишто голем број европски банки меѓусебно си позајмуваат финансиски средства на рок од една недела до една година. Стапките на Euribor се сметаат за најважни референтни стапки на европскиот пазар на пари.

Овој вид на референтна каматна стапка за прв пат беше претставена на 30-ти декември 1998 година. Претходно, голем број национални референтни каматни стапки, како што се Pibor (Франција) и Fibor (Германија) се земаа во предвид.

Банките што го сочинуваат панелот за Euribor се оние банки со најголем удел во пазарот на пари во рамки на евро зоната. Тие мора да бидат првокласни, со високи етички стандарди и да уживаат одлична репутација.

email