se-soglasuvam-pixabay

Фото: Pixabay

Лиценца претставува дозвола за користење на одреден лиценциран материјал од страна на лица кои се приматели на тоа право. Под добивање лиценца може да се подразбере и добивање дозвола за работа.

Процесот на лиценцирање означува пренос на правото на една или повеќе компании, да го користат предметот на лиценцата.

Давателот и корисникот на лиценцата меѓусебните права и обврски ги регулираат со договор за лиценца. Преку овој договор, давателот на лиценцата се обврзува на корисникот на лиценцата да му отстапи, делумно или целосно, право на искористување на: пронајдок, индустриски дизајн , трговска марка, практично знаење и експертиза. Од друга страна, корисникот на лиценцата се обврзува да му плати определен надоместок за таа цел.

Искористувањето на лиценцата важи за точно утврден временски период. Оној што ја дава лиценцата има обврска да го предаде предметот на корисникот во утврден рок и да гарантира за спроведување на активностите што се предмет на лиценцирање. Корисникот, пак, е должен да го искористи правото што произлегува од лиценцата и да плаќа надомест за нејзино користење.

Исто така, постојат одреден професии (лекар, адвокат, архитект…) кај коишто е неопходно да се има лиценца како дозвола за работа. Постојат соодветни органи или институции коишто ја издаваат оваа лиценца, само доколку се исполнат одредени услови.

email