kocki-1-6-pixabay

Фото: Pixabay

Овој термин има потекло од латинскиот збор margo или францускиот marge што значи раб. Поимот маржа се среќава во производство или трговија, покажувајќи го процентот што производителот или продавачот го додава на производната или набавната цена, за да може да го пласира производот на пазарот. Маржата на производителот или трговецот му помага неговиот труд и сите направени трошоци да се исплатат со продажба на производот или понудената услуга.

Во економска смисла, често се користи терминот бруто маржа, што претставува еден од основните финансиски показатели за работата на компанијата.

Бруто маржата покажува колку се остварува бруто добивка на една единица оперативен приход. Таа се темели на вредноста на бруто добивката и се изразува како процент од нејзиниот износ. Бруто маржата ја одржува рентабилноста на компанијата. Зголемување на бруто маржата за компанијата значи добро движење на капиталот, но доколку се намалува сигнализира за некакви потешкотии во работењето.

Преку бруто маржата може да се оцени дали фирмата има капацитет за раст или пак има тенденција да генерира загуба.

Маржата како категорија може да се сретне и во берзанскиот речник. Во овој случај маржата ја означува разликата меѓу највисоката и најниската вредност на одредена хартија од вредност, или меѓу куповната и продажната цена на акцијата.

email