digitron-pixabay

Фото: Pixabay

Физичките лица го плаќаат персоналниот данок на доход на годишно ниво на збирот на остварените нето приходи.

Според законодавството во нашата земја, доходот што подлежи на оданочување го сочинуваат овие приходи остварени во земјата или во странство: лични примања; приходи од самостојна дејност; приходи од продажба на сопствени земјоделски производи; приходи од имот и имотни права; приходи од авторски права и права од индустриска сопственост; приходи од капитал; капитални добивки; добивки од игри на среќа и други.

Даночен обврзник на овој вид на данок е физичко лице резидент на земјата за доходот што го остварува во земјата и во странство. Исто така, даночни обврзници се и: физичко лице – трговец, трговец поединец, како и физички лица кои се занимаваат со земјоделска, занаетчиска дејност и лица кои вршат услуги или слободни занимања. Обврзник е и физичко лице кое не е резидент на Македонија за доходот што е остварен на територијата на нашата земја.

Даночна основа за утврдување на персонален данок на доход е збирот на сите приходи остварени во пари, хартии од вредност, земјата или во странство, намалена за: придонеси од задолжително социјално осигурување; лично ослободување во износ од 84.000 денари при годишно пресметување на данокот на доход и трошоци предвидени со закон.

Данокот на доход се плаќа по стапка од 10%.