strelki-nadolu-pixabay

Стагфлација претставува состојба во економија што се карактеризира со општ пораст на цените (инфлација) истовремено со пад на производството.

Во економијата, во услови на стагфлација, се забележува висока невработеност, бавен економски раст и висока инфлација.

Поимот стагфлација е комбинација од зборовите стагнација и инфлација. Штом економијата стагнира, тоа значи дека бруто домашниот производ се намалува или расте по исклучително ниска годишна стапка. На сметка на тоа се зголемува и невработеноста, бидејќи компаниите отпуштаат вработени за да ги намалат трошоците. Сето тоа влијае на намалување на куповната моќ на потрошувачите, што дополнително ќе го забави економскиот раст.

На прашањето што ја предизвикува стагфлацијата, економистите нудат две објаснувања. Според првото, стагфлацијата може да настане поради таканаречениот “негативен шок“ на страната на понудата (раст на цените на суровините, пад на продуктивноста…). Според други економисти, несоодветната макроекономска политика може да предизвика стагфлација. Од една страна, централните банки може да предизвикаат инфлација со прекумерно зголемување на пари во оптек, а властите може да ја предизвикаат стагфлацијата со преголема регулација на пазарот на производи и услуги.

email