biznis-race-pexels

Фото: Pexels

Тајно друштво е друштво во коешто тајниот член учествува со свој влог, има право на добивка од компанијата, но нема никакви обврски кон трети лица. Во овој вид на друштва, најголемиот дел од влоговите или сите влогови со право на глас се во сопственост на мал број лица – тајни содружници. Главни карактеристики на овој вид друштва се тоа што влоговите не се продаваат и поголемиот број од тајните содружници учествуваат во управување со друштвото.

Тајното друштво настанува со договор со којшто едно лица (таен содружник) вложува, односно учествува со паричен и непаричен влог во претпријатието на друго лице – претприемач – јавен содружник и врз основа на влогот стекнува право да учествува во добивката или загубата на компанијата.

Тајното друштво има правен статус на трговец, но не е правно лице. Бидејќи нема правен субјективитет и нема фирма, тоа постои само во односите меѓу тајниот содружник и претприемачот – јавниот содружник и не настапува во односите со трети лица.

Името на тајниот содружник не смее да се наоѓа во фирмата на претприемачот, но ако се наоѓа во неа, а тајниот содружник тоа го знаел или морал да го знае, им одговара на доверителите за обврските од работата на тајното друштво неограничено и солидарно со претприемачот.

email