sijalica-tabla-ideja-pixabay

Фото: Pixabay

Venture capital фонд или уште познат како претприемачки капитал претставува алтернативен извор за финансирање на компании во развој. Овие фондови може да бидат во приватна или државна сопственост, а овозможуваат пристап до финансии на иновативни, ризични или креативни компании коишто имаат добро разработен бизнис план и потенцијал за раст.

Доколку проценат дека компанијата има добра идеја, потенцијал и перспектива за понатамошен развој, овие фондови инвестираат во таа компанија и добиваат дел од нејзините акции. На тој начин, влегуваат во сопственичката структура на компанија и имаат право на глас при донесување на важни одлуки. Поради тоа, ги прифаќа и сите ризици или евентуалниот неуспех на компанијата во којашто вложува.

Најчест таргет на venture capital фондовите се нови компании, пред сè во технолошкиот сектор. Вообичаено, овие компании немаат капацитет за да добијат поголем кредит од банка или да дојдат до потребните финансии на конвенционален начин. Фондовите ги одобруваат финансиски средства, под точно утврдени услови, но без временско ограничување. Целта на инвестицијата не е дивиденда или камата, туку остварување добивка при продажба на уделот во компанијата.

Овој вид на фондови имаат неколку главни цели: развој на напредни и бизниси со голем потенцијал; остварување заработка по продажба на уделот во компанијата и охрабрување на претприемачите во иднина да побараат финансии од банките.

Venture capital фондовите може да се опишат како посредници меѓу капиталот што богатите поединци или институции сакаат го вложат во перспективни компании коишто имаат потреба од финансии.

email