pari-vo-novcanik-pixabay

Фото: Pixabay

“Еден денар денес вреди многу повеќе од денарот утре“ е главниот постулат на којшто се темели концептот на временска вредност на парите. Според него, парите во овој момент вредат повеќе, одошто истиот тој износ во иднина.

Концептот се базира на можноста парите да се вложат денес, за да може во иднина да се зголемат. Предвид се зема и фактот што склоноста кон потрошувачка во сегашноста е поголема во однос на истиот опсег на потрошувачка во иднина. Поради тоа, потрошувачката се одложува само ако постои можност во иднина да се зголеми потрошувачката, односно во целост за да се задоволат потребите.

Постојат неколку причини поради коишто луѓето ја преферираат потрошувачката во истиот момент одошто да ја одложат за во иднина: ризик од прилив на пари и нивна трансформација; инфлацијата како дополнителна причина поради којашто парите во иднина вредат помалку и можноста за употреба на парите (поседувањето на пари значи можност истите да се потрошат, односно да се задоволат одредени потреби, а и инвестирање на тие пари ќе значи дека во иднина тој износ ќе се зголеми).

Вредноста на парите денес е поголема од номинално истиот износ во иднина поради тоа што постои можност инвестицијата во сегашноста и остварување на поголеми приноси во иднина, како и поради можните ризици при инвестирање.

email