padobran-pixabay

Фото: Pixabay

Златен падобран е клаузула во менаџерски договор, со којшто се обезбедува поголем износ на пари при прекин на работниот однос или преместување на друга позиција во случај на непријателско преземање на компанијата.

На овој начин, топ менаџерите се заштитуваат во случај на преземање на компанијата, а нивното отпуштање ќе биде прилично скапо за новиот сопственик. Но, праксата покажува дека за некои сопственици поголем трошок е да го задржат директорот, одошто да го отпуштат и да го исплатат договорениот износ.

Помалку познати и ретко користени варијанти се сребрените и бакарните падобрани. Сребрените падобрани од златните се разликуваат во висината на надоместокот што се исплаќа. Тие се пониски поради што имаат и послабо дејство на потенцијалните преземања. Бакарните падобрани се надоместоци што се нудат на значително поголем број на лица во компанијата во случај на промена на управувачката структура. Од златните падобрани се разликуваат по намалениот износ на надомест и поголемиот број на иматели.

email