business-1219868_960_720

Фото: Pixabay

Фаворизирање на работно место значи давање посебен третман на еден или повеќе вработени. Фаворизирањето е штетно за шефот, “миленикот“ и останатите вработени во компанијата бидејќи може лошо да се одрази на работната атмосфера. Ваквиот начин на однесување може да донесе само незадоволство, пониска мотивација и помала продуктивност.

Еден од примарните ефекти на фаворизирањето на работното место на вработените е незадоволство. Тие сметаат дека без разлика колку напорно работат, тоа нема да биде важно бидејќи фаворизираните вработени секогаш ќе имаат подобри бенефиции, повеќе внимание и поголеми можности.

Ако вработените почувствуваат дека не им се доделуваат нови одговорности, бидејќи се пренасочуваат кон омилените работници, тогаш ја снемува мотивацијата. Ова резултира со пониска продуктивност, пропуштени рокови и понизок морал.

За да се вратат работите на вистинскиот пат и да бидете сигурни дека целиот тим работи заедно, овие неколку совети ќе ви помогнат да го ублажите на чувството на фаворизирање на работното место.

Анализирајте ја добро ситуацијата

Прво што треба да направите е мирно и рационално да размислите за целата ситуација. Дали вашиот шеф навистина фаворизира некого неправедно? Дали тоа е штетно за моралот и продуктивноста на вас и на вашите колеги? Мора да бидете целосно искрени со себе и да откриете дали вашиот фаворизиран колега работи подобро и понапорно или сте љубоморни на неговите достигнувања.

Разговарајте со колегите

Може да разговарате со своите колеги за да дознаете дали тие ја делат вашата перцепција за настаните. Не “фрлајте“ обвинувања наоколу и не се обидувајте да ги убедите другите членови на вашиот тим за вашето толкување на ситуацијата. Само побарајте искрени оценки.

Подгответе се за разговор со шефот

Кога ќе одлучите да разговарате со вашиот шеф за ситуацијата темелно треба да се подготвите пред да се обратите. Водете дипломатски разговор и не го обвинувајте за фаворизирање.

email