business-15498_960_720

Фото: Pixabay

Треба многу да внимавате кога зборувате со потенцијалниот купувач. Неколку погрешни реченици и зборови можат да придонесат за негативен резултат. Затоа, воздржете се од следново:

Кажете ми нешто повеќе за вашиот бизнис

Работа на продавачот е да истражи малку повеќе за потенцијалниот купувач пред да го понуди својот производ или услуга. Доколку не сте го направиле тоа не очекувајте премногу.

Обично не го правам ова, но…

Не помислувајте дека со оваа фраза ќе постигнете нешто. Таа е очигледен начин дека ги користите сите средства за да продадете. Дури и ако навистина е така, направете го тоа на поинаков, професионален начин.

Морам да го склучам овој договор

Не само што ќе изгледате очајно, туку ќе постигнете и негативен ефект. Со продажбата треба да го решите проблемот на купувачот, а не да се жалите за вашата ситуација.

Ќе бидам искрен/а со вас

Ако ја употребите оваа реченица, ќе звучите како лажго/а и тоа што претходно сте го кажале ќе “пропадне во вода“. Клиентот ќе претпостави дека не сте доволно искрени и нема да сака ништо од вас.

Оваа понуда важи само денес

Вака само вршите непотребен притисок врз купувачот. Дури и клиентот да размислувал да го купи тоа што го нудите, со ваков став може само да се предомисли.

email