analiza-pexels

Фото: Pexels

Фјучерс (futures) претставува таканаречен договор за иднина помеѓу купувачот и продавачот за купување или продавање на хартии од вредност, валути, производи и слично, што ги претставува средствата во иднина, по договорена цена денес.

Договорните страни, во овој случај, може да се договорат околу цената и квантитетот на фјучерсите за трансакцијата. Главна цел на тргувањето со фјучерси не е да се купуваат производи, туку да се управува со ризикот. Цените може да се менуваат, поради што инвеститорите ги користат фјучерсите, за да се заштитат од промените.

Фјучерсите може да бидат платени во готово или во производи со испорака на договорениот производ. Фјучерсите на финансиските производи, како што се валути или берзански индекси, се исплаќаат во готово.

Купувачите купуваат фјучерси за да се заштитат од зголемување на цената на производот или услугата, додека продавачите ќе ги продаваат фјучерсите за да се обезбедат од нивно намалување.

Предности на овој вид на договори се: помала провизија; ефикасно менаџирање на ризикот; гарантирана испорака…