marker-raka-pexels

Фото: Pexels

Приходите од една и расходите од друга страна претставуваат две важни економски величини за секоја компанија. Во текот на секојдневното работење, компанијата бележи одлив и прилив на средства и од нивната големина ќе зависи финансискиот резултат што се прикажува на крајот на пресметковниот период.

Секој менаџер треба добро да ги идентификува видовите на приходи и расходи коишто ги генерира неговата компанија. На крајот на годината, висината на приходите и расходите, коишто се дел од билансот на успех, покажува дали компанијата остварила добивка или загуба.

Приходите во теорија се делат на: редовни (произлегуваат од извршување на основната дејност на компанијата – продажба на производи или услуги); финансиски (генерирани од редовните финансиски активности на компанијата, како што се позитивни курсни разлики, камати и слично) и вонредни приходи (немаат континуитет во нивното генерирање и не се одраз на извршување на секојдневните активности).

Расходите, исто така, се делат на: редовни (трошоци или одлив на средства што компанијата ги реализира од дејноста што ја извршува – трошоци за материјали, плати за вработени, покривање на трошоци за вода, струја…); финансиски (дел од редовните финансиски активности, како на пример трошоци за камати, негативни курсни разлики и слично) и вонредни (што не се одраз од редовните деловни активности, а може да бидат, на пример, плаќање казни и пенали).

email