voda

Фото: Pexels

Човечкото тело е сочинето од 65% вода којашто е неопходна за извршување на сите животни процеси. Дехидратација настапува кога количеството вода што го напушта нашето тело е поголемо од количеството што го внесуваме.

Недостатокот на вода во телото предизвикува несакани последици. Ако дехидратацијата продолжи подолго време, последиците можат да бидат фатални. Таа се класифицира како блага, умерена или тешка, во зависност од тоа колкава течност се губи.

Благата дехидратација се случува кога телото губи околу еден или два посто од вкупната течност. Умерената кога се губи 5% од течноста, а тешката кога телото губи околу 10% од вкупната течност.

Дехидратација настанува ако не се консумираат доволно течности, ако изгубите премногу течност, или комбинација од двата фактори. Симптомите се: сува уста и јазик, грчеви во рацете и нозете, суви очи, намалено потење, зголемена телесна температура, брзо чукање на срцето, умор и слабост, мачнина и повраќање.

Што ќе се случи ако ја игнорирате вашата жед? Дехидрацијата е процес што се разликува од личност до личност и зависи од многу фактори (колку сте активни, надворешната температура, колку се потите…).

Жед

Во првата фаза од дехидрацијата се губи околу 2% од тежината. Кога ќе се појави жедта, телото почнува да ги троши залихите од течност. Помалку се потите, температурата на телото расте, крвта станува погуста и крвотокот се успорува, а срцето работи побрзо.

Губење на свеста

Оваа фаза настанува кога во телото нема да внесете вода два дена. Тогаш се губи 4% од тежината. Крвта станува уште погуста, крвниот притисок се намалува и се губи свеста, телото не лачи пот, а без потта којашто лади, температурата на телото расте.

Оштетување на органите

Во оваа фаза се губи 7% од тежината во телото. Телото се обидува да го одржи крвниот притисок. Се намалува дотокот на крв во бубрезите и желудникот и предизвикува нивно оштетување. Без бубрезите кои ја филтрираат крвта во телото се собира “отпад“.

Смрт

Кога пет дена во телото не се внесува вода, настапува смрт. Непосредно пред смртта телото губи 10% од тежината.