get1

Двегодишниот пилот проект меѓу медицинските сестри во шведскиот град Гетеборг покажа дека шестчасовното работно придонесе вработените да се чувствуваат поздраво, со што се намалени боледувањата. Паралелно со ова зголемена е и грижата за пациентите, но трошоците се превисоки. Токму последната ставка, пишува Independent, може да биде кобна за целиот концепт на работното време од шест часа, а овој експеримент покажа дека цената ги надминува предностите коишто се остварени со овој пилот проект.

Пилот проектот се однесуваше на 68 медицински сестри во старечки дом во Гетеборг. Како што покажа истражувањето, намаленото работно време на вработените придонесе до позадоволни и поздрави работници, но потребно било да се вработат дополнителни 17 лица, што чинело над 1,5 милиони евра. Затоа градот одлучи да не продолжи со експериментот бидејќи се плашат од зголемени трошоци.

Ова не е единствен пример со скратено работно време. Шведската компанија којашто се занимава со програмирање на апликации Filimundus, исто така воведе шестчасовно работно време.
“Осумчасовното работно време не е ефикасно. Голем предизвик е да останеш фокусиран кон нешто осум часа. Ние ги комбиниравме работата и паузата за да го направиме работниот ден поподнослив“, вели директорот на компанијата Линус Фелдт.

Пред 13 години скратено работно време воведе шведската подружница на Toyota, а тоа им донесе поголема продуктивност и пораст на приходите и оттогаш работното време не е зголемено.

email