18-0099588-1

Фото: Steelcase

SILQ е стол наменет за употреба во канцеларијата и се приспособува според телото на корисникот. Иновативниот производ е дело на Џејмс Лудвиг од Global Design and Engineering со седиште во Мичиген, пишува Curbed.

За да го добие финалниот изглед и функција Лидвиг работеше десет години на SILQ. Флексибилноста, издржливоста и малата тежина на столот се должи на карбонските влакна од коишто е изработен.

Разликата помеѓу SILQ и останатите слични производи на пазарот е во тоа што има само 30 составни делови. Тоа е големо разлика споредено со 200-те делови што се составен дел од останатите прилагодливи канцелариски столици. Според компанијата Steelcase материјалот и формата на столот се тие што овозможуваат “интуитивно“ прилагодување кон контурите на сечие тело.

Производот ќе биде прво претставен во САД напролет по цена од 970 долари, додека наесен планирана е и испорака во Европа, Блискиот Исток и Африка.

email