singapore-2706849_960_720

Фото: Pixabay

Сингапур казни пет производители на електронски делови со вкупна сума од 14,7 милиони долари за спроведување на анти – конкурентски политики, јавува Reuters.

Според Комисија за заштита на конкуренција од Сингапур (CCS), компаниите незаконски ги смениле цените на алуминиумските електролитски кондензатори (AEC) и размениле доверливи информации за индустријата од 1997 година.

Петте казнети компании се: Panasonic Industrial Devices Singapore/Malaysia, Rubycon Singapore, Singapore Chemi-con (SCC), Nichicon Singapore и ELNA Electronics.

AEC се електрични делови што се користат во производи како компјутери, мотори од автомобили и разни домашни апарати. Овие пет компании придонесуваат за повеќе од две третини во уделот на пазарот за алуминиумски електролитски кондензатори во Сингапур.

Сите компании освен Nichicon аплицираа за намалување на казната и истата им беше намалена. Ова е досега најголема казна од ваков тип во државата.

email