0b0027ce7903a10127eda5d785d71eab_original

Фото: Kickstarter

Sitpack ZEN е компактен и функционален стол дизајниран специјално за го подобри држењето на телото. Столот се приспособува на положбата на телото и овозможува релаксирање додека се седи.

Неговата ергономска форма во облик на буквата Y овозможува тежината на корисникот правилно да се распореди и седењето да биде уживање.

Седиштето што наликува на лулашка за лежење придонесува за комфорт и флексибилност. Sitpack ZEN се поставува лесно за неколку секунди со следење на белите ознаки. Корисникот треба само да го отвори, извлече и сврти. Столот е изработен од карбонски влакна, алуминиум што се користи во воздушната индустрија и кевларски конец.

Тимот од Сан Франциско којшто стои зад производот ветува дека доколку Sitpack ZEN се користи 30 минути дневно држењето на телото ќе се подобри во голема мера.

Столот има своја кампања на платформата Kickstarer којашто трае уште 11 дена. Досега имаа собрано 337.354 долари од побараните 30.000. Производот се очекува да почне да се испорачува во јуни 2018 година.

email