smart-pan

Фото: Indiegogo

Smart Pan е паметно тенџере коешто нема да дозволи млекото или било што и да се вари да претече. Тоа ќе им помогне на голем број домаќинки, бидејќи претеченото млеко е тешко за чистење и зад себе остава голем неред.

Во ова тенџере, освен млеко, може да се вари и чај, тестенини или било кој вид храна.

Вообичаено, млекото претекува бидејќи додека се вари пареата се шири, но Smart Pan не дозволува млекото да “излезе“ надвор од тенџерето.

Зад овој изум стои Чандрика Митал од Индија, која својот проект го претстави на глобалната платформа за групно финансирање Indiegogo, од каде бара 2.500 долари поддршка.

email