gjumbir

Фото: Pixabay

Во текот на зимскиот период често поставувано прашање е како да се заштитиме од грипот и настинката. Најдобра тактика е да внесувате намирници коишто помагаат во зачувување на здравјето.

Пробиотици

Нашиот имунолошки систем е посилен, ако во нашите црева има повеќе корисни бактерии т.н. пробиотици. Ефикасноста на пробиотиците зависи од редовното консумирање, а најмногу ги има во кисела зелка, јогурт, кисело млеко, кефир.

Матичен млеч

Матичниот млеч е совршен производ од природата. Тој е корисен за зачувување на здравјето, за зголемување на апетитот и за закрепнување на организмот. Покрај белковини, аминокиселини, јагленохидрати, масти и минерални материи, содржи и многу витамини (B1, B2, B6, B9,B12, фолна киселина, витамин E).

Ѓумбир

Ова коренесто растение има ниска калорична вредност и не содржи холестерол, но е богат извор на голем број есенцијални хранливи материи и витамини, како што се: витамин Б5 и витамин Б6, кои се клучни за одржување на доброто здравје. Содржи и солидни количини од минералите, како што се: калиум, манган, бакар и магнезиум. Калиумот е важен дел од клеточните и телесните течности и помага во регулацијата на работата на срцето и крвниот притисок. Парчињата од коренот од ѓумбир, зовриени во вода со малку лимонов сок или сок од портокал и мед помага при настинки, кашлици и болно грло.

Храна богата со антиоксиданси

Главна улога на антиоксидансите е да го штитат организмот од дејството на штетни радикали. При секој оброк потрудете се да внесувате храна богата со антиоксиданси којашто не е преработена. Намирници кои изобилуваат со антиоксиданси се малина, боровница, брокула, зелен чај, домат.

email