shop

Фото: Pexels

Околу 65% од жителите на Романија сметаат дека социјалните медиуми прават да купуваат повеќе одошто имаат потреба, пишува Romania Insider.

Според податоците, на европско ниво 39% од луѓето изјавиле дека социјалните мрежи влијаеле да купуваат повеќе од потребното.

“Податоците покажуваат дека изложеноста на ранлива група на општествен притисок може да доведе до нездрава долгорочна задолженост“, вели Микаел Ериксон, претседател на компанијата специјализирана за кредитен менаџмент – Intrum, што го спроведе истражувањето.

Родителите се принудени да трошат повеќе за своите деца отколку што можат. Четири од 10 родители доживеале притисок во текот на изминатата година да купат за своите деца работи за кои не планирале да потрошат пари. Процентот е уште поголем кај младите родители на возраст од 18 до 34 години каде пет од 10 родители биле подложни на ваков притисок.

email