Весна Георгиевска, раководител на одделот за развој на софтвер, Акцент компјутериВесна Георгиевска, раководител на одделот за развој на софтвер, Акцент компјутери

Акцент Компјутери е лидер на пазарот во делот на софтверски решенија наменети за мали, средни и големи претпријатија. Основана е пред повеќе од 20 години, со мисија да ги развива најдобрите и најквалитетните компјутерски решенија што ќе им служат на различните потреби на корисниците во Македонија. Како високо технолошка компанија, Акцент секогаш се труди да биде чекор пред времето што доаѓа и во своето работење ги користи најновите технологии.

“Се трудиме да бидеме во чекор со развојот на бизнис секторот, ги следиме трендовите за да бидеме први на пазарот”, вели Весна Георгиевска, раководител на одделот за развој на софтвер.

БИ: Какви видови софтвер развивате?

2Развиваме софтверски решенија со кои е опфатен секој сегмент на бизнис работењето во Македонија. Од нашиот најголем информациски систем Collab, коj е наменет за мали, средни и големи претпријатија, до софтвер за малопродажба, ресторани, кафулиња, софтвер за хотелско работење, софтверот Vertico за бензински пумпи и нивна автоматизација… Освен овие главни информациски системи, имаме и помали, помошни системи во работењето, и сите тие апликации нудат можност да се поврзат меѓу себе и да формираат комплетен круг на работењето, што значи дека обработката на податоците и анализите се прават на едно централно место. Развиваме и нови апликации, се трудиме да бидеме во чекор со развојот на бизнис секторот, ги следиме трендовите за да бидеме први на пазарот. Како што се шири бизнис почвата во Македонија, така и ние развиваме апликации што се неопходни за работењето. Последни апликации што ги развивавме се Kitchen Display System како надградба на ресторанското и хотелското работење, апликации за мобилна продажба, апликации што ги надоврзуваме на постоечките за да се олесни работењето на фирмите во останатите сегменти на нивното работење.

При развојот на апликациите користиме најнови технологии, се трудиме да имаме модерен дизајн и континуиран приказ на информациите од сите изминати години, со цел да се овозможи споредба и комплетна анализа. Користиме скалабилни технологии за да развиеме апликации што ќе работат на различни оперативни системи, за клиентите да не мора да плаќаат дополнителни лиценци за користење на нашиот софтвер, што е голема заштеда за самите компании и можност да се модернизираат.

Имаме многу клиенти кои го користат нашето ERP решение, Collab, меѓутоа фирмите растат, растат и нивните потреби, па ние правиме специјално дизајнирани модули за нив во самиот информациски систем. Имаме еден вид партнерски однос со нив и заедно го планираме растот на фирмата, заедно ги договараме следните чекори.

collab

БИ: Кажете ни нешто повеќе околу новите апликации Kitchen Display и апликацијата за хотелско работење?

Хотелското работење е веб апликација која ја олеснува работата на хотелите, од закажување и резервации, до детален преглед и наплата во повеќе валути. Предност на нашиот софтвер е што може да се поврзе со easyPos, софтверот за ресторани, бидејќи секој хотел поседува и ресторан, па евиденцијата и наплатата кон крајниот клиент се прегледува од едно место. Понатаму, доколку сопственикот има повеќе хотели, постои можност за нивно интегрирање во нашето ERP решение Collab. Ваквото поврзување овозможува од едно централно место да се направат сите анализи, да се направи споредба, да се предвиди идното работење.

Kitchen Display системот е систем за работа во кујна, го олеснува работењето на шефот на кујната и на неговите помошници. Тоа е преглед на сите нарачки, нивниот редослед и времето на реализација. Со групирањето на сродни нарачки и нивниот графички приказ полесно се организира и планира работењето на целата кујна, а сето тоа може да се надгледува и на веб интерфејс.

За било која компанија, организацијата е една од најважните работи и сите овие апликации ја забрзуваат организацијата, го олеснуваат работењето и планирањето на тековната работа.

3

БИ: Што е целта на еден софтвер? Кои се предностите на користење софтвер во работењето?

Софтвер е склоп на апликативни функционалности кои го олеснуваат секојдневното работење. Целта на софтверот е интеграција на деловните процеси во една функционална целина. Целта на еден софтверот е согледување на реалното сегашно работење и полесно планирање на иднината.

Софтверот е алатка која преку внес и обработка на податоци овозможува да се добие реална слика на работењето и да се задоволат законските регулативи, но пред сè е алатка за извештаи  и анализи. Токму анализите и споредбите на сегашната состојба со таа од претходните години, како и прикажаните трендови на работењето, го олеснуваат предвидувањето на идното работење.

Нашите системи се параметарски и модуларни системи и се прилагодуваат на потребите на корисниците, ние ги конфигурираме зависно од нивното работење. Централизираното чување податоци овозможува нивна конзистентност, додека технологиите коишто ги употребуваме овозможуваат брз и едноставен пристап до истите со користење на web browser или мобилен телефон. Употребата на софтвер го зголемува квалитетот на процесите на работењето и доведува до намалување на трошоците. Секако, предност на користењето софтвер е и заштитата и безбедноста на внесените податоци.

4

БИ: Има нешто со што сте единствени на пазарот? Со што се издвојувате пред другите во браншата?

Можеби сме ретки во делот на автоматизација на бензински пумпи. Можеби сме први во идејата за водење на софтвер во една база за целокупното работење за сите години, бидејќи тоа го почнавме уште во 2002 година и тогаш бевме единствени. Единствени сме во нудењето бесплатен софтвер Cashley за корисниците на нашите фискални уреди – нудиме бесплатен софтвер за брзо креирање фискални сметки и наплата, но и веб апликација преку која можат да го прегледуваат направениот промет, да креираат фактури…

Кај нас во Акцент компјутери има тимска атмосфера отворена за идеи. Секој член од тимот кој ќе добие идеја може да ја осмисли и презентира и доколку е атрактивна и им се допадне на останатите членови, истата се реализира. Понекогаш и самите клиенти ни даваат идеи кои се интересни и применливи. Секоја апликација која го олеснува работењето на клиентот, особено ако сме први со таква идеја, нам ни е уште поголем мотив да ја развиеме. Програмирањето е креативна работа, најдобро од сè е чувството кога ќе завршите некој проект, чувството дека сте направиле нешто што им користи на многумина.

email