grafika-za-pr-sv3Овој четврток, 01.03.2018, ќе се случи официјално отворање на новата продавница на Sport Vision во Градскиот Трговски Центар на приземје. Спорт Висион ја промени својата локација со цел да биде поблиску до своите потрошувачи и на двојно поголем простор да презентира поголема понуда во својот најнов концепт, со специјални KIDS и Fitness корнери што ќе го дополнат потрошувачкото искуство.

Посетителите ќе можат да уживаат во изборот од преку 40 реномирани светски брендови како Nike, Under Armour, Adidas, Reebok, Converse, Helly Hansen, Champion, Ellesse, Lonsdale и многу други, со двојно поголем асортиман во новата продавница на преку 600-м2.

Како и секогаш, поради отворањето на новата локација ќе биде обезбеден специјален попуст на целиот асортиман што ќе трае од од 01.03.2018 до 03.03.2018 година.