spienje

 „Стресот на работа е епидемија од светски размери“                               

Светска здравствена организација

Часовите во денот никако да се зголемат, грижата за семејството станува сè поголема, а работните обврски како да бараат сè поголема одговорност. Како поминува времето, ни се чини дека се претвораме во автомобил кој секој ден вози во петта брзина и никако да застане. Амбицијата и должноста стануваат наше гориво кое ни прави притисок да се движиме побрзо и да завршиме повеќе работи. И баш кога ќе сакаме да се одмориме, мозокот сè уште ни работи, телото никако да се смири и спиењето станува цел која не можеме да ја достигнеме. Сонцето изгрева и доаѓа време да се соочиме со нов ден.

dormirinОва темпо на живот нè држи напнати, нервозни, нетрпеливи и под стрес. Иако е практично невозможно да го избегнеме, не значи дека треба да му дозволиме да ни го контролира животот, бидејќи може сериозно да се одрази на нашите секојдневни функции. Стресот го нарушува нашиот емоционален еквилибриум, но се одразува и на физичкото здравје. Влијае на сонот, а со тоа ја намалува нашата способност да размислуваме чисто, да функционираме ефективно и да уживаме во животот. Можеби изгледа како невозможна мисија, но несоницата предизвикана од стрес може да се спречи, сè што е потребно е да научиме како да го контролираме стресот.

Стрес менаџментот ни помага во контролата на стресот, за да бидеме посреќни, здрави и попродуктивни. Целта е учење и стекнување вештини и позитивни животни навики со помош на кои ќе ја препознаваме состојабата на стрес и причинителите на стресот, како и учење и стекнување позитивни животни навики со цел балансиран и продуктивен живот, во кој ќе можеме да си дозволиме да се посветиме на сите работи кои ни се важни во животот, но и успешно да се соочиме со сите притисоци и предизвици кои ќе ни се најдат на патот.

Сепак, стресот не е секогаш штетен. Разумно ниво на стрес може да ни помогне да добиеме енергија која е потребна за одговор на деловните предизвици и остварување на важни цели. Клучниот аспект за управување со стресот е препознавање на разликата помеѓу продуктивниот и токсичниот стрес.

Физичката активност се смета како голем ослободувач на стрес, па така, доволна е само мала прошетка во природа и веќе ќе почнеме да се чувствуваме порелаксирани. Од стресот можеме да се ослободиме и преку квалитетно поминато време со наша блиска личност. Времето поминато сами со себе во тишина е моќна алатка за ослободување од стрес. За време на медитацијата се ослободува хормонот мелатонин кој го регулира сонот, а природно се наоѓа во нашето тело.

Како најдобри природни лекови кои ни помагаат во борбата против стресот и несоницата се препорачуваат коренот од валеријана, маточина, камилица, магнезиум, цинк итн.

Тргнувајќи од фактот дека често „немаме време“ за активностите кои нè релаксираат, за среќа, постојат додатоци во исхраната на природна база кои содржат комбинација на најсуштинските билки кои помагаат во регулирање на сонот и справување со стресот.

Суплементите со мелатонин, корен од валеријана, екстракт од лист од мелиса и цинк како што се капсулите Dormirin Forte не предизвикуваат зависност и се сигурно решение за мирен и квалитетен сон. Ваквите суплементи најмногу се препорачуваат кај луѓето со високо ниво на стрес, но и кај оние кои често патуваат и менуваат повеќе временски зони. (www.dormirin.mk).

М-р по фармација Христина Литовин

futer

email