muzika

Познато е дека звучната терапија се применува за релаксација. Со векови, некои култури ја користат музика за подобрување на благосостојбата и на здравствената состојба.

Невролози од Велика Британија спроведоа студија врз учесници кои се обидувале да решат тешко загатки што е можно побрзо, а биле поврзани со сензори. Додека решавале, слушале различна музика, а научниците ја мерела мозочната активност, како и физичката состојба во што се вклучени отчукување на срцето, крвниот притисок, дишењето, пишува Inc.

Истражувањето покажало дека песната Weightless на британското трио Marconi Union ја намалува анксиозноста за 65%.

Во ноември 2011 година, магазинот Time го прогласи бендот за иноватори на годината.

Дали и на вас оваа музика делува смирувачки?

email