paper-3103865_960_720Фото: Pixabay

Српската Комерцијалната банка и во 2017 година го продолжи позитивниот финансиски тренд, завршувајќи ја годината со добивка од 61 милион евра, пишува Blic.

Зголемувањето на приходот се должи на подобрениот квалитет на услугите за кредитирање, растот на оперативната профитабилност, реорганизација на деловната мрежа и воведувањето на нови дигитални услуги.

И по висината на акционерскиот капитал, Комерцијална банка останува на врвот на банкарскиот сектор во Србија со натпросечна ликвидност и капитализација. Показателот за адеквантност на капиталот изнесува 27,9%, многу над лимитот што го пропишува Народната банка на Србија. Оваа банка е и лидер на српскиот финансиски пазар со девизни заштеди од 1,6 милијарди евра.

Според последните достапни податоци, Комерцијална банка сочинува околу 11% од домашниот банкарски пазар.