starbucks-2346226_960_720Фото: Pixabay

Starbucks стана првата кафетерија во Британија што ќе наплаќа пет центи за картонска чаша за кафе. Целта на иницијативата е да се намали прекумерната употреба и губењето на 2,5 милијарди чаши за еднократна употреба годишно, пишува The Guardian.

Наместо тоа, потрошувачите ќе се мотивираат да користат чаши за кафе за повеќе употреби. И според последното истражување на компанијата, речиси половина од нејзините корисници изјавиле дека би пиеле кафе од керамички чаши што повторно би можеле да се искористат, отколку да плаќаат дополнителни пет центи за кафе во картонска чаша.

Иако беше најавено дека дополнителната давачка ќе биде спороведена само во 25 кафетерии во Британија, сепак, мега ланецот решил оваа одлука да ја спроведе во сите свои Starbucks продавници.

Кутиите за еднократна употреба не можат да подлежат на рециклирање бидејќи се направени од полиестер што тешко се отстранува. Како резултат на тоа само една од 400 чаши можат да се рециклираат или 0,25%.