render_website_4b

Фото: Crowded Cities 

Секоја година во светот се фрлаат околу 4,5 илјади милијарди отпушоци од цигари, а на секој филтер му требаат 12 години за да распадне.

Стартапот Crowded Cities , со седиште во Холандија, реши да преземе нешто во врска со овој проблем. Тимот моментално работи на уред наречен Crowbar, којшто ќе има задача да тренира гаврани да собираат отпушоци во замена за храна, пишува Inhabitat. Таа е истовремено голема инка за распаѓање на отпушоци и има дел за чување на храна.

Според анализите на основачите на Crowded Cities, овие птици се едни од најпаметните на планетата и токму затоа се одбрани за да ја вршат оваа работа.

Тренингот ќе вклучува неколку фази, од собирање на отпушокот и носење на одреденото место, до добивање на храна како мотивација за собирање на нови отпушоци. Целта е гавраните да научат дека ако го собираат и носат ѓубрето во Crowbar ќе бидат наградени.

Уредот има вградена камера којашто откако ќе ги препознае отпушоците, испушта храна. Поради фактот дека цигарите се полни со штетни хемикалии, стартапот ќе го надгледува здравјето и однесувањето на гавраните и ако сè биде во ред вакви уреди ќе можат да се постават во многу градови низ светот.

email