automobile-1845650_960_720

Фото: Pixabay

FiveAI, старт – ап со седиште во Кембриџ, ги собра потребните 15,3 милиони евра за да може да тестира самоуправувачки такси возила на улиците во Лондон, што е воедно и најголема инвестиција од овој тип во Европа, пишува Telegraph.

Целта на компанијата, којашто е креирана лани, е да обезбеди вакви автомобили во британскиот главен град до 2019 година. Стартапот има намера да ги “обучи” автомобилите да се снаоѓаат низ уличките на метрополата на најдобар можен начин.

Компанијата обезбеди средства од Lakestar Capital, VC (venture capital) компанија, како и од Amadeus Capital Partners. Моментално се работи на технологија и ако сè оди како што треба FiveAI планираат во 2019 година да тестираат 10 автомобили во предградие на Лондон. Патниците би ги повикувале возилата на ист начин како што прават со Uber и други слични апликации.

email