23478

Фото: Marinebiomass.com

Marine BioEnergy, старт – ап од САД моментално работи на подводна фарма од морски алги со цел да создаде еколошко биогориво, пишува Fast Company.

Фармата се наоѓа на островот Каталина, близу Лос Анџелес и ја сочинува долга цевка на којашто расте морската алга од видот келп. Цевката може да се движи нагоре и надоле со цел да алгата да добива храна и сончева светлина.

Ако сè се одвива според планот, стартапот планира преку роботски подморници да се огледуваат големи плантажи од ова растение, односно на подводен простор помеѓу Калифорнија и Хаваи. Созреаните алги понатаму би се користеле за производство на биогориво.

Основачите на стартапот, сопружниците Синди и Брајан Вилкокс, за таа цел соработуваат со лабораторијата Pacific Northwest, којашто изнајде начин да ги претвори алгите во гориво. Наместо штетните јаглеродни емисии, автомобилите и авионите би го користеле еколошкото биогориво од Marine BioEnergy.

Она што е добро кај овие алги е тоа што истите растат многу брзо и немаат потреба од наводнување и било какви пестициди.

email