slika-1

Стартап Македонија ја објави брошурата Launch in Macedonia, чија цел е да ги охрабри интернационалните претприемачи да отворат свој старт – ап и да се запознаат со македонската заедница. Оваа брошура ќе им даде одговор на многу национални и интернационални претприемачи зошто да ја изберат Македонија како потенцијална дестинација за нивната нова иновативна компанија. Брошурата е само симболичен почеток на оваа кампањата на Стартап Македонија.

“Целта на брошурата е да информираме, но и да привлечеме интернационални претприемачи и дигитални номади.  Така ќе се споделат знаења и ќе се остварат потенцијални соработки со што ќе се зајакне и локалната старт – ап заедница. Ќе се отворат нови партнерства и можности за водење бизнис од Македонија којшто ќе конкурира на глобален пазар”, вели Дејан Алексов, од Стартап Македонија и авторот на Launch in Macedonia.

Стартап Македонија верува дека потенцијалот на македонската старт – ап заедница, како и актуелните економски услови се доволно привлечни за интернационални претприемачи да го отворат и развијат својот бизнис во Македонија.

“Интернационалните претприемачи од било која индустрија ќе најдат плејада на талентирани македонски професионалци кои се економски компетитивни и исто толку талентирани и способни како и останатите професионалци низ Европа и Светот. Аутсорсинг заедницата е огромна во Македонија и веруваме дека има потенцијал да се соработува на нови иновативни бизниси”, вели Виктор Дано од Стартап Македонија, уредникот на Launch in Macedonia

Брошурата содржи: информации за постапката за регистрирање на компанија; добивање на работна дозвола и дозвола за престој; информации за co-working простори во Скопје, организации кои поддржуваат стартапи; инвеститори и многу повеќе.

Ако сакате да се запознаете подобро со целиот еко-систем и можностите, можете да се пријавете за одличната #SwissEP Entrepreneurs In Residence програма.

Стартап Македонија е основана како непрофитна Асоцијација на стартапи, креативни претприемачи, акцелератори и инвеститори кои ќе работат заедно да креираат средина во која иновативноста ќе биде наградена и новите идеи ќе бидат претворени во издржани бизниси.

Брошурата можете бесплатно да ја симнете на:

http://startupmacedonia.mk/launchinmacedonia/

Доколку сакате да не дружите на co-work, да поразговараме за старт – ап заедницата, понесете си лап-топ и повелете во Public Room во 12:00 на 15.09.2017 година

https://www.facebook.com/events/831169247085383/

Промовирањето веќе започна во Mostar на betapitch конференцијата како и во Washington во просториите на WeWork.

email