MTQxNDg2ODk3MDY2MzU0NTU3Schopfer Associates, компанија со седиште во Бостон, Масачусетс, планира да изгради ултра луксузна куќа на вода на брегот на Егејското море, пишува Maxim. Пловната куќа на два ката ќе има форма на отровната риба ража, а до неа ќе се влегува преку патека по којашто ќе може да помине и возило. Истата ќе може да се дислоцира на некое друго место во близина.

Домот е изграден од метални панели и бетон, а зафаќа површина од околу 836 метри квадратни, големина што може да се менува според потребите на клиентите. Големата палуба ќе вклучува двор и гаража за две возила, а во дворот ќе има базен, џакузи, место за глисери и надворешен камин. На долниот кат има голема дневна соба, кујна, трпезарија, а горе три спални соби со бањи и гардеробери. Струјата ќе се зема преку сончеви панели и од извори на копното.

Sting Ray е сè уште во фаза на планирање, а се очекува да биде комплетирана кон крајот на 2017 година.

MTQxNDg2ODk3MDY2Mjg5MDIxMTQxNDg2ODk3MDY2MTU3OTQ4MTQxNDg2ODk3MDY2MTU3OTQ5MTQxNDg2ODk3MDY2Mjg5MDIwMTQxNDg2ODk3MDY2MjIzNDg1

email