porto1

Сместен по должината на реката Дуеро во северна Португалија, Порто е еден од најстарите европски центри. Градот е познат по стрмните улици, мостови и виното коешто го носи името на овој град. Најважната знаменитост на Порто е неговото историско јадро, кое од 1996 година е под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство.

porto2

Архитектурата претставува спој на медитеранската, мавританската, пиринејската и француската градба којашто ја карактеризираат тесни згради со мали прозори и големи дрвени врати.

porto-katarina

Прошетката во Порто најдобро е да се започне од главната шопинг улица Santa Catarina, по чијашто должина се протегаат стари куќи, катедрали, слаткарници и бутици.

majestik

Меѓу позначајните градби во Порто се Градската катедрала и црквата Clérigos, коишто се изградени во 17 век.

porto-plocki

Градот е познат и по керамичките плочки azulejos, коишто се типични за целиот Пиринејски полуостров, а може да се видат на ѕидовите на железничката станица São Bento, повеќето религиски градби, но и во сокачињата на старото градско јадро.

crkva-porto

Она што го издвојува Порто од останатите европски градови се неговите мостови. Во овој град во минатото можело да се стигне само преку вода, но во 19 век се изградиле два грандиозни железни мостови.

mostot

Во 1876 година е отворен железничкиот мост Maria Pia којшто го изградил германскиот градител Теофил Сејриг и неговиот партнер и учител Густав Ајфел (градителот на Ајфеловата кула). Десет години подоцна Сејриг го гради најпопуларниот мост во градот Dom Luís I.

porto-camci

Порто има градска железничка мрежа по којашто сообраќаат трамваи и мини возови.

porto-zeleznica-plocki

Околината на Порто е преполна со песочни плажи, а до многу од нив може да се стигне со јавен превоз.

email