study-watch

Фото: Alphabet Verily

Американската компанија Alphabet Verily го направи паметниот часовник Study Watch за следење на здравјето, што ќе се користи за здравствени истражувања, пишува The Verge.

Часовникот има едноставен и елегантен изглед со повеќе физиолошки и еколошки сензори. Дизајниран е за мерење на релевантни сигнали за истражување на кардиоваскуларни проблеми, отежнато движење и други здравствени проблеми.

Главен предизвик на американската компанија бил креирање на часовник што ќе може да се носи секој ден. Освен батерија што трае седум дена, Study Watch може со недели да да ги чува податоците за здравјето на корисникот. Часовникот на екранот прикажува само време и датум, а не и податоците коишто ги собира.